ССМ ги поздрави измените на Кривичниот законик за повреда на правата од работен однос

ССМ ги поздравува најновите предлог измени на  Кривичниот законик (КЗ) за кривичното дело „повреда на правата од работен однос“.

Над 22,5 отсто од работниците се вклучени во облик на неформална економија и непријавена работа, а околу 7 проценти работат без договор и се соочуваат со проблем со исплата на помала плата од минималната или плата во плик, покажуваат резултатите од последната анкета на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Со измените се предвидува казна затвор од три месеци до една година за оној што ќе побара од работник да му врати или ќе прими одреден износ од плата или други надоместоци исплатени од работодавачот. Измените предвидуваат со казна од три месеци до една година затвор да се казни работодавачот кој на работник ќе му врачи отказ поради тоа што го пријавил или дал исказ во својство на сведок дека му побарал да врати одреден износ од плата или други надоместоци или не го вратил износот.

Измените ќе обезбедат можност со оваа превенција и санкција да се извојува борбата за заштита на платата, минималната плата, работничките права и на социјална и економска сигурност на работниците. Истовремено ваквата мерка ќе ги охрабри сите работници да ги пријавуваат злоупотребите на одредени работодавачи и ќе овозможи на институциите на системот и на синдикатите уште поактивно да се вклучат во борба за остварување на работничките права во Република Македонија, велат од ССМ.

Оттаму го изразуваат своето задоволство што на овој начин ќе се реализира нивната иницијатива која долг период ја промовираа заедно со социјалните партнери.

Сојузот на синдикатите на Македонија во својата програма посебно на 19 Конгрес акцент стави на борба против непријавената работа и неформалната економија. Во овие рамки постојана беше нашата активност со доставување предлози за измена и дополнување на законите кои ќе одат во насока за заштита на платите, а посебно на минималната плата и исплата на надоместоците, потенцираат од синдикатот.

Потсетуваат дека од 2 ноември годинава почна и нивната кампања против непријавената работа и неформалната економија со цел да се спречи злоупотребата на работничкиот труд, повредата на правата од работен однос, враќање средства од работниците на некои работодавачи, враќање сума пари од плата, кратење на надоместоците, неисплата или враќање на К-15 и практиката на пријавување на пониски плати што создава сериозни.