ССМ со кривична пријава против Ременски

Деновиве беше информирана јавноста за историскиот мега скандал невиден во историјата на синдикалното движење во Македонија и во светот каде што врз основа на фалсификувана документација за наводно одржан Совет, Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска- Ременски злоупотребувајќи ја својата службена положба заедно со четворица претседатели на Грански синдикати здружувајќи се со истите кои во континуитет опозиционо делуваат, направиле договор и обид за менување на легитимно избраниот претседател на ССМ д-р Живко Митревски избран едногласно на 19 Конгрес на ССМ одржан на 21.5.2015 година.

На овој начин во координација во обидот за смена на Митревски и Секретарот на Советот на ССМ истите направиле Кривично дело казниво и по член 393 и по член 394 за кои следи затвор од 1 до 10 години за злосторничко здружување пречекорувајќи ги и службените овластувања и правејќи кривично дело злоупотреба на службено овластување казниво по член 353 од КЗ за што може да следи казна затвор до 3 години.

Еден од фалсификаторите кој лажно се претставува како вд Претседател на ССМ е Претседателот на СУТКОЗ Дарко Димовски кој излегува со лаги дека смената била регуларна што е ноторна лага и обид за дезинфорамција и пуста неисполнета желба која долго време тој и 4 претседатели на Гранските синдикати упорно сакаат да ја реализираат без притоа да имаат подршка од останатите 13 Грански синдикати.

Техничката Министерка Ременски и другите фалсификатори и злоупотребувачи не ќе можат да се отргнат од одговорноста и Кривичните санкции кои ги очекуваат, не ќе може да се отргнат од фактот дека наводниот претседавач потпишал обичен лист на хартија и фалсификувал исправа, а во содејство со четворицата грански опозиционо настроени претседатели злоупотребувајќи ја својата функција Техничката Министерка потпишала Решение со обид да го промени легитимно избраниот претседател и раководство на ССМ.

Техничката Министерка Ременски била свесна дека станува збор за фалсивикувана документација која не е потпишана од соодветно лице, дека за свикување на седница на Советот на ССМ предходно треба да се реализира постапка пред Органите и телата на Гранските синдикати, предходно Претседателството треба да расправа за ваквата иницијатива, ваква иницијатива не постои, воопшто нема седница на Претседателството на ССМ ниту пак 13 Грански синдикати знаеле за овој обид преку фалсификување на документи да дојде до смена на Претседателот на ССМ и раководството на ССМ.

Очигледно е дека на Техничката Министерка и на фалсификаторите и злоупотребувачите на функциите им сметале резултатите постигнати во овој период, им сметало донесувањето на Законот за Минимална плата, зголемувањето на платите, ратификацијата на 8 нови конвенции на МОТ, подобрувањата на работничките права во ЗРО, Потпишувањето на Колективните договори, враќањето на К-15, јакнењето на позицијата на Претседателите на Синдикалните организации, Законот за Европските работнички совети и Законот за мобинг, регулирањето на бенифицираниот стаж на рударите и многу други историски резултати, велат од ССМ.

За ваквиот историски скандал и обидот за смена на Претседателот и раковоството на ССМ, од страна на ССМ беа информирани сите Меѓународни Еворпски и Светски синдикални асоцијации, Амбасади , Меѓународната организација на Трудот и РСС Солидарност во кој членуваат сите синдиакти од поранешна Југославија. Во информацијата беше посочено дека тоа е историски скандал, незапаметен во историјата, истиот претставува тешка пореда на основните работнички права, демократски вредности, повреда на темелните Меѓународни стандарди за автономност во синдикалното дејствување, повреда на Европската социјална повелба и кршење на автономноста на синдикатите во своето дејствување.

На прес конференцијата при објавувањето на овој мега скандал беа присутни и Претседателите на останатите 13 Грански синдикати од кој јасно беше потенцирано дека пред ниту еден Грански синдикат не е водена никаква постапка ниту иницијатива за отповикување ниту пак нивните членови на Советот на ССМ присуствувале на некаков Совет. Согласно Деловникот за работа и Статутот на ССМ, членовите на Советот ги застапуваат ставовите на Гранските синдикати па од таму ноторна е лагата изнесена од страна на таканаречениот в.д Претседател дека нестатутарниот Совет наводно одржан бил со присусво на членови на Советот од други синдикати.
На прес конференцијата од сите Грански синдикати беше даде безрезервна подршка на легитимно избраниот претседател на ССМ д-р Живко Митревски и Секретарот Методија Димески, а беше осудена постапката на Министерката и четворицата претседатели на Гранските синдикати, а исто така осуда имаше и од присутните членови на Советот на ССМ.

Репрезентативните синдикати и централи од подрачјето на поранешна Југославија ( Самостојниот синдикат на БИХ, Унија на слободни синдикати на Црна Гора, Сојуз на самостојни синдикати на Хрватска, Конфедерација на слободни синдикати на Македонија, Сојузот на слободни синдикати на Словенија, Сојузот на самостојни синдикати на Србија, Здружени грански синдикати Независност Србија, Сојузот на синдиактите на Република Српска, односно регионалниот форум Солидарност) упатија остра осуда и протест до Министерката за Труд и социјална политика Фросина Ташевска -Ременски поради нејзиниот чин за мешање во автономијата на синдикатите и обидот за присилна административна промена на легитимно избраниот Претседател Митревски.

Како што се наведува во подршката со тој чин незабележан на овие простори, незапамтен анти синдикален чин од страна на Министерката Фросина Ременски на најгруб начин директно ги прекршила бројните Меѓународни документи како Европската социјална повелба, Конвенцијата на МОТ бр.87 според кои на синдикатите им се гарантира правото на автономија како донесување на свои Статути, правила, организирање и слободен избор на своите претставници, а на јавните власти им забранува секаква интервенција која има за цел ограничување или ускратување на овие права како се наведува во подршката за ССМ и Митревски со чинот кој го направила Министерката најдиректно се загрозува Социјалниот дијалог кој претставува фундамент за развој на Европската Унија кон која што тежнее Република Македонија.

Во оваа подршка се бара најитно да се прекинат сите обиди за мешање во автономијата на ССМ и на легитимно избраниот Претседател на ССМ д-р Живко Митревски со барање непрестано да го претставува и застапува ССМ, а се бара и да се преиспитаат крајните мотиви на овој несекојдевен чин, а виновниците да се санкционираат.
На крајот сите овие горе наведени синдикати и РСС Солидарност даваат исклучителна подршка на ССМ на чело со Претседателот д-р Живко Митревски да истраат во борбата за зачувување на својата автономност и заштита од секое вклучување на јавните власти и на било која политичка структура во нивната синдикална работа.
Ова е само дел од подршките кои пристигнуваат веќе цел ден, а претседателот Митревски и раководството на ССМ веќе остваруваат средба и со претставници од Европската унија каде се информираат Амбасадори и други организации за однесувањето на Министерот за труд и социјална политика Фросина Ташевска -Ременски која на најгруб начин прави обид да спроведува политички агенди.
До ССМ и Претседателот Митревски пристигната е подршка од страна на самиот врв на Светското и Европското синдикално движење кои го изразуваат својот протест против мешањето на МТСП и Техничката Министерка што претставува јасно кршење на Конвенцијата 87 на МОТ која е ратификувана од Република Македонија, во подршката јасно се наведува дека Претседателот на ССМ е ибран на Конгрес на ССМ и дека Сев етскиот и Европскиот синдикален врв бнеа сведоци на очигледната подршка и изборот на Митревски кој согласно демократските правила и процедури наведени во Статутот на ССМ е избран за претседател на ССМ.
Одлуката да содејствува врз основа на непроверена документација која друри нема ни печат од ССМ или потпис од овластени лица како се наведува во писмото испратено од Шарон Бароу Генерален Секретар на Светската Конфедерација синдикати и Лука Винсентини Генерален Секретар на Европската конфедерација на Синдикати и на ПЕРК е очигледен знак на непрофесионалност и одговорност на Министерката Ременски и истата треба да биде осудена.
Со оглед на тоа што оваа одлука беше оспорена од страна на Јавениот обвинител се надеваме дека овие повреди на Националните и Меѓународните Закони ќе бидат разгледани и инволцираните лица ќе бидат повикани на одговорност. Во писмото за подршка јасна е пораката во Република Македонија да се почитуваат синдикалните права за синдикалнтите организации да можат слободно да дејствуваат во согласност со демократските слободи и дека истите работат соглсно своите сопствени демократски избрани Статутарни тела. Во писмото јасно е нагласокот и препораката да се почитуваат внатрешните демократски процедури во ССМ и МТСП да се воздржи од мешање во синдикалните прашања. На крајот јасно се пренесува пораката дека ова прашање ќе биде покренато и пред надлежните Меѓународни институции односно Мегународната организација на трудот у Европската унија доколку ваквите активности за кршење на синдикалните права продолжат односно веднаш не престанат.
За овој скандал по поведената постапка пред Јавен обвинител и поднесена е Кривична пријава против техничката Министерка Ременски и други лица. Јавното обвинителство ја стопира постапката за уписот и промената на раководството и Претседателот на ССМ поради очигледен фалсификат и покрена соодветна Кривична постапка.

Во обидот да се извлече од овој скандал техничката Министерка Ременски која патем речено е надлежна согласно Пржинскиот договор само да се грижи за спроведување на Парламентарните избори сама себеси се сплетка давајќи ја изјавата на 24 Вести дека таа не е надлежна да врши промена на Претседател на ССМ, со тоа сама себеси се негираше и ја потврди својата вина и политичката инволвираност во целиот овој случај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.