ССМ одржа марш на солидарност

Маршот на солидарност во организација на ССМ беше одржан денеска во Скопје по повод Меѓународниот ден на трудот 1 мај.

Маршот почна пред платото на ССМ, а заврши на плоштадот Македонија. Синдикалниот лидер Живко Митревски побара потпишување колективни договори, обезбедување сигурни работни места, како и траен работен однос и работен однос на неопределено време и сигурни плати за сите работници со кои ќе им обезбедат пристоен живот.

Во меѓувреме беа одржани и протести на неколку синдикати против постојаното кршење на работничките права и задушувањето на синдикализмот.