Македонија

ССМ: Полицијата успеа да ја сочува сигурноста на граѓаните

ССМ: Полицијата успеа да ја сочува сигурноста на граѓаните

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) изрази почит и поддршка кон македонските безбедносни сили, кои, како што наведуваат во соопштението, изминатите денови беа на висина на сопствената задача.

– Македонската полиција успеа да ја сочува сигурноста и вербата на граѓаните во институциите на системот, во насока на нивна целосна заштита, наведуваат од ССМ во соопштението.

Ги повикуваат сите фактори во општеството да застанаат во решителна поткрепа на мирот и стабилноста, и настаните кои се случија да останат позади нас.

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) се надева дека Република Македонија ќе продолжи на патот на просперитетот  и дека гарант за тоа ќе бидат сите граѓани.