ССМ: Продолжуваат лагите на откриените фалсификатори и злоупотребувачи на службени положби

ссм

Во текот на вчерашниот ден беше информирана јавноста за историскиот мега скандал невиден во историјата на синдикалното движење во Македонија и во светот каде што врз основа на фалсификувана документација за наводно одржан Совет, Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска- Ременски злоупотребувајќи ја својата службена положба заедно со четворица претседатели на Грански синдикати здружувајќи се со истите  кои во континуитет опозиционо делуваат направиле  договор и  обид за менување на легитимно избраниот претседател на ССМ д-р Живко Митревски избран едногласно на 19 Конгрес на ССМ одржан на 21.5.2015 година. На овој начин во координација во обидот за смена на Митревски и Секретарот на Советот на ССМ истите направиле  Кривично дело казниво и по член 393 и по член 394 за кои следи затвор од 1 до 10 години за злосторничко здружување пречекорувајќи ги и службените овластувања и правејќи кривично дело злоупотреба на службено овластување казниво по член 353 од КЗ за што може да следи казна затвор до 3 години.

Во продолжение ви ја пренесуваме целосно реакцијата на ССМ:

Еден од фалсификаторите кој лажно се претставува како вд Претседател на ССМ е Претседателот на СУТКОЗ Дарко Димовски кој излегува и со повторни лаги дека смената била регуларна и дека била подржана од поголем број на синдикати.

Техничката Министерка Ременски и другите фалсификатори и злоупотребувачи не ќе можат да се отргнат од одговорноста и Кривичните санкции кои ги очекуваат, не ќе може да се отргнат од фактот дека наводниот претседавач потпишал обичен лист на хартија и фалсификувал исправа, а во содејство со четворицата грански опозиционо настроени претседатели злоупотребувајќи ја својата функција Техничката Министерка потпишала Решение со обид да го промени легитимно избраниот претседател и раководство на ССМ.

Техничката Министерка Ременски била свесна дека станува збор за фалсивикувана документација која не е потпишана од соодветно лице, дека за свикување на седница на Советот на ССМ предходно треба да се реализира постапка пред Органите и телата на Гранските синдикати, предходно Претседателството треба да расправа за ваквата иницијатива, ваква иницијатива не постои, воопшто нема седница на Претседателството на ССМ ниту пак 13 Грански синдикати знаеле за овој обид преку фалсификување на документи да дојде до смена на Претседателот на ССМ и раководството на ССМ.

Очигледно е дека на Техничката Министерка и на фалсификаторите и злоупотребувачите на функциите им сметале резултатите постигнати во овој период, им сметало донесувањето на Законот за Минимална плата, зголемувањето на платите, ратификацијата на 8 нови конвенции на МОТ, подобрувањата на работничките права во ЗРО, Потпишувањето на Колективните договори, враќањето на К-15, јакнењето на позицијата на Претседателите на Синдикалните организации, Законот за Европските работнички совети и Законот за мобинг, регулирањето на бенифицираниот стаж на рударите и многу други историски резултати.

За ваквиот историски скандал и обидот за смена на Претседателот и раковоството на ССМ, од страна на ССМ беа информирани сите Меѓународни Еворпски и Светски синдикални асоцијации, Амбасади, Меѓународната организација на Трудот и РСС Солидарност во кој членуваат сите синдиакти од поранешна Југославија. Во информацијата беше посочено дека тоа е историски скандал, незапаметен во историјата, истиот претставува тешка пореда на основните работнички права, демократски вредности, повреда на темелните Меѓународни стандарди за автономност во синдикалното дејствување, повреда на Европската социјална повелба и кршење на автономноста на  синдикатите во своето дејствување.

На вчерашната прес конференција при објавувањето на овој мега скандал беа присутни и Претседателите на останатите 13 Грански синдикати од кој јасно беше потенцирано дека пред ниту еден Грански синдикат не е водена никаква постапка ниту иницијатива за отповикување ниту пак нивните членови на Советот на ССМ присуствувале на некаков Совет.            Согласно Деловникот за работа и Статутот на ССМ, членовите на Советот ги застапуваат ставовите на Гранските синдикати па од таму ноторна е лагата изнесена од страна на таканаречениот в.д Претседател дека нестатутарниот Совет наводно одржан бил со присусво на членови на Советот од други синдикати. На прес конференцијата од сите Грански синдикати беше даде безрезервна подршка на легитимно избраниот претседател на ССМ д-р Живко Митревски и Секретарот Методија Димески, а беше осудена постапката на Министерката и четворицата претседатели на Гранските синдикати, а исто така осуда имаше и од присутните членови на Советот на ССМ.

Сакам да ве информирам дека во текот на денешниот ден пристигнуваат поддршки и осуда за ваквиот чин реализиран од страна на техничката министерка и групата фалсификатори.

Во обидот да се извлече од овој скандал техничката Министерка Ременски  која патем речено е надлежна согласно Пржинскиот договор само  да се грижи за спроведување на Парламентарните избори сама себеси се сплетка давајќи ја изјавата на 24 Вести дека таа не е надлежна да врши промена на Претседател на ССМ, со тоа сама себеси се негираше и ја потврди својата вина и политичката инволвираност во целиот овој случај.

Почитувани работници, почитувана јавност, од името на ССМ би сакал да Ве информирам дека ССМ нема да дозволи на најгруб начин да биде вклучен во политичките игри на техничката Министерка и неколку фалсификатори и дека ССМ ќе опстои и ништо неможе да го скрши. Тоа е наша историска одговорност и обвсрска особено во овие тешки предизвици со кои е соочено синдикалното движење и  Нашата Држава.