ССМ: Со законот за хонорарци ќе се сузбие сивата економија

Измените во Законот за работни односи, кои предвидуваат задолжително социјално и здравствено осигурување за хонорарните работници е актуелна тема деновиве, оссбено поради тоа што за првпат се предлагаат мерки со кои ќе се регулира работниот однос на хонорарците.

ССМ ја поддржува оваа владина мерка  и смета дека ќе придонесе за сузбивање на сивата економија и ги охрабува работниците да ги  пријават сите нереуларности, со кои можат да се служат работодавачите, при имплементација на новите законски измени.

„Оваа новина некому му годи, некому не.  Ние во ССМ секогаш ќе ги поддржиме сите измени кои одат кон тоа на работниците да им биде регулиран работниот однос, на начин што го предвидува законот,  а тоа е да се пријавени да ги оставруваат своите социлални и економски права.  Дали е  доволно тоа што овој закон покажува дека волонтерскиот старж ќе овозможи за  сите оние што имаат над просечна плата,  да се исплааат задолжително придонеси за пензиско и социјално осигурување, сметаме дека во моментот е доволно. Секој труд треба да се валолизира. Има голем број на работници кои се од овој третман во Македонија, односно над 100.000 хонорарци. Тоа укажува дека е потребно да се донесе ваков закон“, вели Анѓелко Анѓелкоски, претседател на синдикатот на  текстилно, кожарска и чевларскка индустрија и секретар на ССМ.

За Анѓелкоски е негативно што предвреме се оцрнуваат законските мерки, и  се надева дека сите недоумици кај работниците и работодавачите ќе бидат решени со подзаконски акти од надлежните министерства.

„Ова е добра работа бидејќи толкав непријавен труд во земјава не треба да постои, во услови на голема невработеност, која е нешто помалку од 28 отсто.

Во однос тоа дека законот предвидува хонорарните вработени самите да си ги плаќаат давачките, Анѓлкоски вели дека и досега, сега согласно законот за пензиско и здравствено осигурување , придонесте ги плаќаат работниците од својата бруто плата.

„Со преминување на исплата на бруто плата на вработените, работниците се должни  да ги исплаќаат придонесите, а во нивно име тоа го прават работодавачите. Работникот дава изјава дека во негово име ќе ги упалтува придонесите и тука нема да има нечисти односи. Меѓутоа, ако работниците не се охрабрат самите да кажат дали со ова ќе им се намалат платите, по разни основи, со уцени и слично, ако не го пријават тоа, како ќе знаеме дека таква работа се случува“.

Тој уште еднаш напомена дека со дополнителната уплата за пензиско осигурување, во случај работникот да е веќе во редовен работен однос, оди во прилог на зголемување на пензијата, а со евентуалното повеќекратно уплаќање во здравствениот фонд, би се подобриле здравствените услуги.

Дел од синдикатите и невладините организации се против носењето на новите законски измени. Сметаат дека измените нема да имаат последици по џебот само на оние кои се хонорарни работници, туку и по оние кои се вработени согласно Законот за работни односи. Хонорарците стравуваат дека работодавачите за да го спроведат законот, ќе им ги намалат  и онака ниските хонорари, или пак ќе бидат избркани од работа.

Според новите законски измени оние кои земаат хонорар над 9.000 денари или повеќе од минималната плата, а имаат договори на определено време, ќе мораат секој месец да уплатуваат придонеси. Сумата ќе зависи од висината на хонорарот и од времетраењето на договорот, а пресметките ќе ги прави Фондот за ПИОМ.

Од оваа обврска се изземени спортистите, функционерите, судиите, пратениците, советниците и други носители на јавни функции.