ССМ стана членка на Европската конфедерација на синдикати

Сојузот на синдикати на Македонија стана полноправна членка на Европската конфедерација на синдикати. Одлуката е донесена на вчерашната седница на Извршниот комитет на Европската конфедерација на синдикати.

На овој начин Сојузот на синдикатите на Македонија станува прва организација која го пробива мразот за прием на Република Македонија во европското семејство. Во однос на приемот, посебно беа потенцирани резултатите на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во текот на изминатиот период во услови на тешка економска криза.

Како посебни заслуги и придобивки на ССМ во изминатиот период се истакнати донесувањето на Законот за минимална плата, враќањето на правото на регрес за годишен одмор, донесувањето на Законот за заштита од вознемирување на работно место (мобинг), измените на Законот за безбедност и здравје при работа……

Европската конфедерација на синдикати е основана 1973 година со цел да ги претставува и промовира интересите на работниците на европско ниво. Таа е составена од 88 национални синдикални федерации во 37 земји, плус 10 европски синдикални федерации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.