ССМ: Укинувањето на придонесите за хонорарците е логична последица

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) по вчерашната владина одлука за укинување на придонесите за хонорарците од 1-ви август 2015 година излезе со свој став.

Според ССК, повлекувањето на плаќањето на придонесите за хонорарците е логична последица на анализите според кои ефектите од Законот за хонорарците може да се постигнат и со други мерки, како што се дополнителните мерки за нови вработувања и проектите за отворање нови работни места.

– Нашиот став е јасен, бараме работен однос на неопределено работно време за работниците и сигурни работни места. Сите мерки и закони кои одат во обезбедување повеќе вработувања и трансформација на работниот однос на неопределено работно време одат во прилог  на остварување на нашите стратегиски цели, велат од ССМ.

Инаку, од ССМ, велат дека Сојузот во рамки на своите програмски цели посебно се фокусира да обезбеди можности за вклучување на работниците во системот на социјално и пензиско осигурување.

Тоа беше и причината при донесувањето на Законот да се бараат и бенефитите од оваа мерка иако во старт и на Економско-социјален совет баравме посебни модалитети за ефектите и друг пристап за одредени категории на хонорарни работници и работници со договор за дело, нагласуваат од ССМ.

За  ССМ останува определбата и натаму да се изнаоѓаат начини за нови работни места, за трансформација на волонтерските договори и за договори на дело во редовен работен однос со платени придонеси.

Со одлука на Владата се укинува плаќањето придонеси за хонорарците

Се укинува плаќањето придонеси за хонорарците. На владината седница во вторникот биле усвоени сет закони со кои од 1-ви август  годинава се укинува плаќањето на придонеси за договорите на дело и авторските договори, како и за сличниот тип на договори. За ова вчера информираше министерот за финанции и вицепремиер во Владата Зоран Ставрески.

Се укинува плаќањето придонеси за хонорарците
Се укинува плаќањето придонеси за хонорарците

Оваа мерка и измиените во законот кои што беа предвидени се во функција на овозможување на лицата кои што се на договори на дело, авторски договори и други слични типови на договори да може да плаќаат придонеси со тоа да ги имаат решено прашањата на користење на здравствените услуги, исто така со уплатата на придонесите да имаат можност да користат пензија и да им се зголеми нивото на пензијата, објасни денеска министерот за финанси Зоран Ставрески.

Со другите проекти исцрпени се ефектите од плаќањето придонеси за хонорарците

Тој појасни дека плаќањето придонеси за хонорарците се укинува од причина што со други мерки на Владата на Република Македонија се исцрпеа ефектите кои што беше предвидено да се постигнат.

Ставрески: Со другите проекти исцрпени се ефектите од плаќањето придонеси за хонорарците
Ставрески: Со другите проекти исцрпени се ефектите од плаќањето придонеси за хонорарците

Во последниот период  се реализира проектот „Македонија вработува“ , каде што имаме мерка која што овозможува ослободување во период од 1-5 години од плаќањето на придонеси на лица кои што ќе бидат вработени во приватниот сектор. Со тоа практично околу 4.000 лица во Република Македонија веќе се имаат стекнато со редовен работен однос и за истите се плаќаат придонесите и за пензиско и за здравствено осигурување, додаде Ставрески.

Како што посочи, другиот закон со кој што реши добар дел од проблемот на лицата кои што порано беа ангажирани на договор на дело и авторски договори е од сегментот на трансформација на на работниот однос во рамките на јавниот сектор.

Со тоа лицата кои што долги години биле ангажирани на договори на дело и слични типови на договор работниот однос им се трансформираше во редовен работен однос, посочи тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.