Свет

Стабилна е здравствената состојба на болничарката заразена од ебола

Стабилна е здравствената состојба на болничарката заразена од ебола

Здравствената состојба на шпанската болничарка заразена со ебола е стабилно, по тоа што во текот на ноќта била под „сериозен смртен ризик“.

Портпаролот на мадридската болница „Карлос Трети“ изјави дека здравствената состојба на Тереса Ромеро е и понатаму сериозна, пренесува АП.

Тереса Ромеро Рамос за сега е првата личност кај која е дијагностицирана ебола која се заразила надвор од Африка по грижата за мисионерите кои биле заразени со ебола и починале.