четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 0

Стабилни политики за раст и нови вработувања

rast-ekonomija

Поврзани вести

Македонија е влезена во развоен циклус. Земјава последниве години бележи солидни стапки на економски раст, се отвораат нови фабрики и се креираат нови работни места, производството се модернизира, македонската економија станува сè поконкурентна, се зголемува извозот од земјава. Стапката на невработеност се спушти на историски најниски 25,5%, со тенденција да продолжи да се намалува, пишува Лидер.

Порталот нагласува дека економијата бележи одлични резултати, долгот е на ниско до умерено ниво, и тоа во време кога се реализираат крупни инфраструктурни проекти, како што е изградбата на три целосно нови автопати, рехабилитација на постојните делници, изградба на нови патишта, железница, гасификациона мрежа.

Сепак, како што се наведува во анализата, закана за планираните проекти и за стабилноста на економијата се турболенциите на политички план и хазардерските игри од опозициската СДСМ.

Континуитет наспроти деструктивни политики

На Македонија и е потребен континуитет и предвидлив деловен амбиент за да продолжи економскиот развој и отворањето нови работни места. Странските инвеститори во услови на политичка нестабилност се воздржани во носењето на инвестициските одлуки, а тоа на земјава не и потребно во време кога се отвораат нови фабрики и се намалува невработеноста. Тоа го покажуваат и бројките.

Македонија и во време на големата европска криза и ефектите од неа имаше подобри резултати во привлекувањето странски директни инвестиции во однос на годинава, кога СДСМ почна да ја спроведува својата политика која може да се покаже како погубна на економски план.

Народната банка во континуитет предупредуваше на ваквите последици, но апелот на беше слушнат, иако економската логика е јасна – политичката криза се одразува на инвестициите и на личната потрошувачка на граѓаните, а ако нема нови инвестиции, нема ниту нови работни места.

Вообичаено инвеститорите се многу чувствителни на неизвесност. Им треба сигурност, стабилност и извесност. Секако дека случувањата на политичката сцена и нивното евентуално влошување би имале нагативни ефекти“ – предупреди гувернерот Димитар Богов на средина од годинава.

На ова алармираа и домашните бизнисмени. Побараа порелаксирано и попредвидливо опкружување, ослободување од политичкиот грч, со цел да одговорат на нарачките.

Во моментов имаме нарачки од Албанија и од Црна Гора, со што нашите капацитети ќе бидат целосно исполнети до април или мај 2016-та година. Ова претставува поттик за зголемување на економскиот раст. Ако се нормализира политичката ситуација ќе имаме уште поголем бенефит, вели директорот на Раде Кончар, Аце Антевски.

Растот условен од политичката стабилност

На Македонија…

Најчитани вести