Македонија

Стабилно и суво време во текот на следната недела

Стабилно и суво време во текот на следната недела

Стабилно и суво време не очекува следната седмица. Утре ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер.

По одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и ниска облачност. Дневните температури ќе бидат од 14 до 19 степени.

И во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност со температури од 15 до 21 степен. И среда и четврток ќе имаме сончево време со умерена облачност и температури од 14 до 20 степени, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

Денеска по одделни котлини и планински превои има мала веројатност за појава на утринска магла и ниска облачност.

Во Скопје максималната дневна температура ќе биде 19 Целзиусови степени, на југот ќе достигне и до 20 степени, во Маврово 10, Охрид 16, на истокот 19.