Стабилно и суво време со температура до 20 степени

Стабилно и суво време не очекува во текот на денешниот ден. Во западните делови ќе биде претежно сончево, а во останатите во утринските часови ќе има појава на магла и мала до умерена облачност, но кон средината на денот ќе биде сончево.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините.

Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од 14 до 20 степени.

Стабилно и суво време и во Скопје

Стабилно и суво време и во Скопје
Стабилно и суво време и во Скопје

Во Скопје ќе преовладува стабилно и суво време. Во утринските часови ќе биде магливо, а преку ден претежно сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе достигне до 15-тиот степен.

И во следните денови времето ќе биде стабилно и суво. Во утринските часови наместа температурата ќе се спушти под нулата, а преку денот ќе биде потопло.