Стабилно време со температура до 13 степени

Времето во Македонија ќе биде стабилно и посвежо. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Температурата ќе се движи од три до осум, а дневната од седум до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со умерен повремено и засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе достигне до 11 степени.

Од сабота утринските температури наместа ќе се спуштаат и под нулата.