Стабилноста на државата нема цена, граѓаните да не подлегнуваат на шпекулации

Антонио Милошоски, од името на ВМРО-ДПМНЕ, ги повика  граѓаните да останат смирени и воздржани и да не подлегнуваат на шпекулации.
Тој на денешната прес конференција посочи дека терористичката група во Кумановo брои четириесетина лица, кoи и се познати на нашата јавност, на соседите и на  Меѓународната јавност, како и дека тие имале сценарио за дестабилизација на државата.

„ Стабилноста на државата нема цена. И сите фактори и домашни и меѓународни и политички чинители во Република Македонија и верски групации и секој граѓанин од Македонија треба заеднички да се грижиме за стабилноста на државата. Вакво сценарио за дестабилизација не му одговара на никој граѓанин, политичар, политичка партија или која било етничка заедница. Напротив, ова може да ѝ направи голема штета на нашата заедничка држава. Во името на ВМРО-ДПМНЕ сакаме да искажеме безрезервна поддршка на  припадниците на безбедносните сили на Република Македонија, кои уште од раните утрински часови професионално, одговорно и решително ја извршуваат нивната задача – истакна Милошоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.