Штабот на Трамп почна да доставува документи за „руското мешање“ до Сенатот

© AFP 2017 / Jim Watson

Предизборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп, неговиот поранешен шеф, Пол Манафорт, како и синот на претседателот Доналд Трамп помладиот, започнаа да доставуваат документи за наводното руско мешање во американските претседателски избори ланскиот ноември до комитетот на Сенатот, пренесува агенцијaта Bloomberg.

Претседателот на сенатскиот комитет Џорџ Хартман изјавил дека изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп на 2 август предал околу 20.000 страници материјал. Шефот на штабот Пол Манафорт предал околу 400 страница, а Доналд Трамп помладиот на 4 август доставил 250 страници материјал. Според агенцијата, во јули комитетот побарал од нив да ги подготват документите пред 2 август.

Претходно беше објавено дека најстариот син на американскиот претседател и поранешниот шеф на неговата изборна кампања се согласиле да му достават на Коитетот за правосудство на Сенатот материјали и одговори на прашањата на сенаторите лично пред сослушувањето кое се одржа на 26 јули. Како што пишува магазинот Politico, Манафорт се согласил да му достави на сенатскиот комитет документи за минатогодишната средба на Трамп помладиот со руската адвокатка Наталија Веселницкаја.

Името на Веселницкаја се појави во медиумите во врска со скандалот околу нејзината средба со синот на американскиот претседател во јуни 2016 година. Трам помладиот на 9 јули објави соопштение дека заедно со Пол Манафорт и зетот на претседателот и негов советник Џаред Кушнер се сретнале со руската адвокатка, како и дека централна тема на разговорот бил програмата за посвојување деца од Русија во САД. Додаде дека средбата била договорена преку пријатели и тој не го знаел идентитетот на лицето со коешто требало да зборува.

Весникот The New York Times пишуваше дека Веселницкаја наводно рекла дека поседува компромитирачки материјали за демократската претседателска кандидатка Хилари Клинтон. Истовремено, како што изјави Трамп помладиот „никакви детали или дополнителни информации не биле доставени до него и оти наскоро станало јасно дека таа не поседувала релевантни информации“. Според него, потоа било разговарано за проблемот со згрижувањето на руските деца во САД што и било тема на разговорите и наводното постоење на компромитирачки материјали било само изговор за средбата.

Веселницкаја претходно изјави дека е приватна адвокатка, дека никогаш не поседувала информации кои може да ѝ наштетат на Хилари Клинтон, како и дека не е поврзана со Кремљ. Руската адвокатка на средбата со синот на американскиот претседател Доналд Трамп помладиот ланската 2016 година му доставила информации во врска со британскиот финансиер Вилијам Броудер. Таа во разговорот со новинарите на американскиот весник The Wall Street Journal, ја опиша средбата со Доналд Трамп помладиот во Њујорк, кога кажала дека дека се обидувала да пренесе информации за британскиот финансиер Вилијам Броудер, кој во Русија претходно е суден за даночни измами и во отсуство е осуден на деветгодишна затворска казна, а донирал за Демократската партија.

Американскиот Конгрес води независна истрага за наводното руско мешање во американските претседателски избори на кои победи Трамп. Слична истрага води и Федералното биро за истраги (FBI). Американските медиуми честопати и редовно повикувајќи се на неименувани извори известуваат за наводни контакти на членовите на изборниот штан на Трамп со руски функционери и бизнимени, како и за наводното кибернетичко хакирање на ресурсите на Демократската партија. Москва повеќепати за овие обвинувања одговори дека се неосновани и без докази, како и дека темата за „руското мешање“ е производ на антируска хистерија во одредени кругови во Вашингтон и одраз на внатрепната политичка сотуација во САД.