Стада заразени од син јазик и во Неготино

Стадата овци во селата Вешје и Пепелиште, страдаат од болеста син јазик, потврдија од општината Неготино. Засега се испитува каква е состојбата на теренот во селото Војшанци, пренесува Дума.

Од подрачната единица на Министерството за земјоделство велат дека фармерите треба да ги пријават штетите кај добитокот, по што соодветни комисии ќе ги разгледаат и постапката ќе продолжи согласно законот.

Болеста ја има и во кавадаречко. Поради таа причина утре, во утринските часови ќе се изврши авионско прскање против комарци, бидејќи тие се главните преносители на болеста.