Стадионот подготвен за Супер купот во фудбал

Финишираат подготовките за фудбалскиот Супер куп кој ќе се одржува во Скопје. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес ја посети националната арена каде изврши увид во градежните работи истакнувајќи дека речиси се завршени сите потребни подготовки за одржување на Супер купот, а поврзани со националната арена. Три до четири пати месечно доаѓале контроли од УЕФА и досега оценките се задоволни, вели Груевски додавајќи дека сигурно е дека Супер купот ќе се одржи во Македонија.

„Оваа спортска арена е инвестиција во која владата првично вложи 30 милиони евра и направи еден современ стадион со која може цела Македонија да се гордее. Сега дополнително се вложуваат уште 6 милиони евра за да се дооспособи арената за да може да биде домаќин на еден високо интернациолен куп кој треба да се одржи на 8 август. Подготвителните работи се речиси завршени“, истакна Груевски.

Додаде дека во подтрибинскиот простор се направени огромни простории, околу 7.000 метри квадратни деловен простор. Дел од овој простор ќе се користи за време на Супер купот од страна на УЕФА, за нивни канцеларии, за потребите на медиумите. Значајно е дека овие простории подоцна ќе останат капитал на Јавното државно претпријатие ПУИГ кои ќе може да ги издава и со средствата да вложи во натамошно развивање на оваа национална спортска арена како и за други инвестиции.

Директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, Цветко Грозданов го информираше Груевски дека имаат проблем и опструкција од страна на општина Центар и градоначалникот Андреј Жерновски кој им го одзема просторот за паркинг.

„Не ми дава затоа што се прогласи како ненадлежен, а првично ми даде одобрение за градба за три, затоа што овде имаше според деталниот урбанистички план, постоечкиот имаше зацртано спорт и рекреација, две тениски игралишта, плус таму потпрниот ѕид кој што треба да се заврши. Ние добивме три решенија за градба, за две тениски игралишта и за потпорен ѕид, после изведбата имавме тендер, се јавија фирми, ги воведовме во работа, два месеци и два три дена фирмата работеше. Направивме изолација, од доле се што треба, со сите материјали како што треба, направена е тампонизација целосна и останат е уште еден дел таму, уште малце. По два месеца човекот се прогласува дека не е надлежен и самиот си го поништува решението, решение кој што тој го издал, го поништува и правосилност и се. Мислам дека има друга позадина, мислам дека има и лично внатре и тоа се бизнис релации најверојатно, но ќе го видиме тоа малку подоцна, затоа што тој цело време алудира на тоа да биде паркинг, да биде паркинг. А и во стариот детален урбанистички план, а и во новиот кој што го поништи, предвидено е спорт и рекреација, не паркинг. А неговиот интерес е да биде паркирање. Јас повикав да се надмине себеси, во ситуации тие тесно партиски интереси што ги имаат, затоа што сепак купот е најголемото збиднување кое ќе се случи во 2017 година. Мислам дека има друга позадина, мислам дека има и лично внатре и тоа се бизнис релации најверојатно, но ќе го видиме тоа малку подоцна, затоа што тој цело време алудира на тоа да биде паркинг. А и во стариот детален урбанистички план, а и во новиот кој што го поништи, предвидено е спорт и рекреација, не паркинг. А неговиот интерес е да биде паркирање“, вели Грозданов.

Со организирање на Супер купот, Македонија ќе добие на популарност, реклама, бидејќи ќе ја пренесува цела Европа и пошироко, смета Груевски. Додаде дека дел од просторот ќе се искористи за правење на детска градинка.

„Ќе биде за потребите на Министерството за земјоделство, но ќе има можност и деца на родители кои не се вработени во Министерството, кои живеат во близина да ги носат децата тука и со тоа центарот на градот ќе добие уште голема детска градинка. Таа ќе биде околу 500-600 метри квадратни и ќе има голем капацитет за сместување на деца“, истакна Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.