Стадионот во Битола ќе добие нова трева и рефлектори

Градоначалникот на Битола Владимир Талевски и претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиoски го најавија и новиот проект од „Хет трик„ програмата за поставување нова подлога и поставување рефлектори на стадионот.

Оваа инвестиција, која ќе изнесува околу 800.000 евра, ќе овозможи подобрување на инфраструктурата и условите за игра на градскиот стадион. Проектот во општина Битола се очекува да стартува идната година и е дел од веќе дефинираниот план за изградба на нов стадион во Битола. 

Инаку, вчера градоначалникот на Битола и претседателот на ФФМ ја промовираа првата регионална дисперзирана спортска паралелка во општина Битола во која веќе се запишани 23 ученици и тоа 18 од Битола, а останатите од Ресен и Демир Хисар.

paralelka-500

Наставата за спортската паралелка ќе се изведува во средното земјоделско училиште, каде што неодамна е отворена новоизградената спортска сала.