Македонија

Стагнира бројот на мигранти кои трензитираат преку Македонија

Стагнира бројот на мигранти кои трензитираат преку Македонија
Стагнира бројот на мигранти кои трензитираат преку Македонија

Неколку дена по ред стагнира бројот на мигрантите кои преку Македонија транзитираат кон земјите членки на Европската унија. Според проценките на сите чинители вклучени во справувањето со бегалската криза тој број се движи од 2.500 до 3.000 мигранти дневно, пренесе МИА.

Од граничниот камен 59 тие и понатаму пристигнуваат во прифатниот камп во Гевгелија, но во помали групи од по стотина луѓе. Во споредба со последните денови од изминатава недела, број на мигранти во кампот и денеска е незначителен.

Во текот на вчерашниот ден од Гевгелија до Табановце биле префрлени повеќе од 2.000 мигранти
Во текот на вчерашниот ден од Гевгелија до Табановце биле префрлени повеќе од 2.000 мигранти

Според информации од железничка станица во Гевгелија утрово кон Табановце заминал само еден воз со околу 600 мигранти, а во станицата се очекуваат да пристигнат уште две подготвени гарнитури возови кои во текот на денот ќе ги превезуваат мигрантите кон северната граница. Железничарите соопштгија дека во текот на вчерашниот ден од Гевгелија до Табановце биле префрлени повеќе од 2.000 мигранти, чиј што број пак според проценките на УНХЦР и Меѓународниот Црвен крст достигнува до 2.500 луѓе.

Автобусите и такси возилата исто така се подготвени за превоз на мигранти кај мостот на Сува река, но и нивниот број очигледно е многу намален.

Претставниците на невладините организации и многуте граѓански здруженија на секој можен начин им помагаат на мигрантите полесно да се евидентираат, да се нахранат и одморат пред да го продолжат патот. Во магацините постојано притигнува хуманитарна помош за мигрантите. Вчера пакети со храна и вода донираа претставниците на Исламската версла заедница (ИВЗ) во Македонија