Стајковци ќе добие нова детска градинка

На денешната 42-ра седница, членовите на Советот на општина Гази Баба донесоа Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на општина Гази Баба за 2016 година.

Со пренамена на средствата во Основниот Буџет во висина од 4.000.000,00 денари ќе се овозможи купување на градежно земјиште за реализација на проект за изградба на детска градинка во населеното место Стајковци.