Стајковци забрзано се расчистува, граѓаните задоволни од брзата интервенција на институциите

Седми ден од катастрофалната поплава во скопско, голготата на жителите на Стајковци се’ уште не престанува. Ссепак тие се благодарни на државните институции кои неуморно секојднвно работат на терен, ги чистат поплавените домови и ја оспособуваат уништената инфраструктура.

Војската полицијата, тимови на јавни претпријатија, Градот, Црвениот крст и голем бој на хумани граѓани постојано се со поплавените граѓани помагајќи им да се справат со катастрофалните последици од невремето кое однесе 23 човечки жртви, многу повредени и жигоса илјадници срца со трауми кои никогаш нема да бидат заборавени.

Денеска на терен може да се забележи голем напредок, иако реално ќе треба да помине време додека во поплавените места повторно се вратат условите за нормален живот. Сепак ако се цени според брзината со која се расчистуваат куќите,  граѓаните зафатени од поплавата имаат голем оптмизам дека санацијта на штетите нема да трае уште долго.

Ацо Смилевски жител на Стајковски вели дека е благодарен за брзата интервенција на војската,полицијата и на „Дрисла“. Тој, сеќавајќи се за кобната вечер, вели дека поплавата била невидена, луѓето вознемирено барале помош, биле исплашени, а ладната вода им поплавила се’.

-Надлежните, војската и полоцијата направија се’ да се сведе на минимум. Влегуваа во секоја кука, нудеа помош. Црвен крст доаѓаат на врата. Не може да се врати тоа што беше, но до институциите голема благодарнист. Што се однесува до водоводот и канализацијата – поплавата беше ноќта, а сабајлето во 7 часот веќе имавме цистерни. Луѓето прашуваа што треба да се помогне и помагаа, вели Смилевски, жител на улицата број 2, една од најпоплавените во Стајковци, која сега е комплетно исчистена.

Речиси сите поплавени населени места во кои се опфатени околу 20.000 жители, веќе имаат струја и вода, механизација постојано работи на терен и улиците се пристапни. Во Стајковсци, каде што 80 отсто од домовите беа поплавени, веќе комплетно се расчистени улиците  1,2,3,4,5. Од вчера почна и дезинфекција на куќите за да се спречи ширење на зарази.

Од Министерството за здравство информираа дека засега нема појава на заразни болести во поплавените подрачја. Исто така, надлежните тимови за проценка на штети од катастрофалното невреме кое го зафати скопскиот регион активно работат на терен. Заклучно со вчерашниот ден, извршен е увид во над 2.100 домаќинства каде што се попишувааат оштетувањата на недвижниот и движен имот.

Заклучно со вчера се попишани и над 500 моторни возила кои се оштетени во поплавите. И земјоделските тимови продолжуваат со увид и попишување на штетите на сточниот фонд и земјоделското земјиште.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.