вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 36

Штајнмаер го поздрави договорот за избори

Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер го поздрави договорот на македонските партии за утврдување на 11 декември како термин за предвремени парламентарни избори.

stajn

Поврзани вести

Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер го поздрави договорот на македонските партии за утврдување на 11 декември како термин за предвремени парламентарни избори.

Консензусот е во согласност со договорот од Пржино од јуни 2015 година. Сега е клучно, договорот за понатамошното постапување до изборите да се спроведе веродостојно и брзо и на тој начин да се избегне понатамошно заостанување на земјата на патот за приближување до ЕУ. Притоа останува важно, Специјалното јавно обвинителство да може непречено да продолжи со својата работа за разјаснување на обвинувањата за злоупотреба на моќта, за повторно да се засили довербата на македонското население во демократските институции на земјата, вели Штајнмаер во пишаната изјава што објави денеска Амбасадата на СР Германија во Скопје.

Тој им се заблагодари на еврокомесарот Јоханес Хан и неговиот тим, како и на специјалниот пратеник, амбасадорот Јоханес Хајндл, кои, како што наведува, со своето посредништво значително придонесоа за успехот на партиските разговори.

Најчитани вести