Штајнмајер: Насилните протести ги блокираат обидите за посредување од страна на ЕУ

Македонската јавност е сведок дека изминатиов период СДСМ на чело со Заев преку насилните протести на таканаречената Шарена револуција, се обидува да креира состојба на насилство и немири низ улиците во Македонија.

Ваквото деструктувно однесување носи последици на штета на македонските граѓани и евро-атланската иднина на Македонија.

Имено, шефот на германската дипломатија Франк- Валтер Штајнмајер вчера во Берлин ја предупреди Македонија дека си го блокира патот кон ЕУ и кон НАТО.

Тој смета дека по секоја цена мора да се спречи избувнување на насилство. Шефот на германската дипломатија ја критикуваше и блокадата на посредништвото од ЕУ.

-Жално е што завојуваните партии ги блокираат обидите за посредување од страна на ЕУ, рече Штајнмајер.

СДСМ како „завојувана страна“ преку насилните протести е онаа која ги блокира обидите за посредување од страна на ЕУ.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, и пратеник во последниот состав, Илија Димовски, предупреди за ваквото деструктивно однесување на СДСМ и Заев, уште пред 9 дена, кога политичките партии требаа да патуваат на лидерска средба во Виена.

-Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денес уште еднаш покажа колку не се грижи за иднината на Република Македонија и за нејзините граѓани. Не се грижи за стабилноста и не се грижи за немирот кој секојдневно го внесува помеѓу граѓаните. Во овие денови кога нема граѓанин што не е загрижен за актуелната состојба и кога нема Македонец кој не очекува излез од кризата во која што СДСМ и Заев ја втурнаа земјата, тој продолжи со уцени и условувања кои ја туркаат државата надолу и ја продолжуваат кризата до недоглед. Зоран Заев денеска донесе неодговорна и деструктивна одлука бегајќи од разговори со кои треба да се трасира патот кој води кон избори и кон решавање на кризата, рече Димовски.

Зоран Заев, рече Димовски, денеска и заврти грб на Македонија и потврди дека неговата намера е продлабочување и ескалирање на кризата, затоа што тој и луѓето околу него можат да функционираат и да привлечат внимание само во време на криза.

Последната изјава на шефот на германската дипломатија, го потврдува токму тоа: СДСМ на чело со Заев, преку насилните протести го блокираат патот на Македонија кон ЕУ и НАТО.