Свет

Штајнмајер: Незивесно е дали санкциите кон Русија ќе бидат продолжени

Штајнмајер: Незивесно е дали санкциите кон Русија ќе бидат продолжени

Не е тајна дека некои држави членки на ЕУ се скептични во поглед на продолжување на санкциите кон Русија поради украинската криза и неизвесно е дали 28-те членки ќе ги обноват тие санкции, изјави денес германскиот министер за надворешни работи Франк – Валтер Штајнмајер, пренесува „Танјуг“.

Санкциите се тука за да обезбедат политичко решение. Незнам што ќе одлучи Европскиот совет за санкциите против Русија, рече Штајнмајер.

Шефот на германската дипломатија, исто така, изрази надеж дека минатонеделното ослободување на пилотката Надја Савченко од рускиот затвор „ќе внесе нова динамика во преговорите меѓу Украина и Русија“.

Санкциите во областа на енергетиката, финансиите и одбраната, што беа воведени кон Москва поради нејзината улога во конфликтот со Украина, истекуваат во јули.