Штајнмајер се заложи за преодна влада во Сирија

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер се заложи за преодна влада во Сирија и предложи посредување меѓу приврзаниците и противниците на дијалогот со сирискиот претседател Башар ал Асад, пренесува МИА.

Ако успеам да ги соберам сите главни играчи во регионот, Европа, САД и Русија, на заедничка маса, ќе значи дека се движиме кон формирање на преодна влада, а тоа би било голем успех, изјави Штајнмајер за германската телевизија А-Ер-Де.

Штајнмајер нагласи дека Асад е важен за прекин на огнот во Сирија, но на долг рок мирната иднина на земјата не може да е поврзана со него. Тој вели дека улогата на Русија во уредувањето на сириската криза може да се одрази позитивно на решавање на ситуацијата во Источна Украина.

Штајнмајер: Асад е важен за прекин на огнот во Сирија
Штајнмајер: Асад е важен за прекин на огнот во Сирија

Се надевам дека соработката со Русија по прашањето за Сирија ќе помогне да се направи чекор напред во украинскиот конфликт, изјави министерот.

Тој, сепак, смета дека не треба дејствијата на Москва за решавање на сириската криза да се разгледуваат во контекст на ситуацијата во Украина.

 Јас не би ги мешал тие две нешта, нагласи Штајнмајер, повторувајќи го ставот на Германија дека санкциите кон Русија може да бидат повлечени само во случај на исполнување на договорот од Минск.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.