Сталоне: Држете се до своите соништа и никогаш не се откажувајте!

Славниот амрикански актер Силвестер Сталоне има порка за своите фанови кои се разочарани од фактот дека не доби Оскар.

Сталоне беше номиниран за најдобра споредна улога (Rocky Balboa) во својот филм „Creed“, но Оскарот сепак го освои Марк Рајленс за улогата во филмот „Bridge of Spies“.

Поттикнат од коментарите на разочараните фанови, шесет и деветгодишниот Сталоне на својот Инстаграм профил напиша:

„Порака за сите Роки на светот – ве молам да се држите до своите соништа и никогаш да не се откажувате! Ви благодарам на поддршката“.

„Creed“ е седми филм од серијалот Rocky, жанровски спортска драма, каде Силвестер Сталоне е продуцент и игра една од улогите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.