Сталоне влегува во тимот на Доналд Трамп

сталоне

Оваа информација неделава ја објавија неколку американски медиуми, поради тоа Сталоне дури дал и изјава во која вели „дека бил неверојатно горд со сугестијата да биде вклучен во Националната фондација за уметност“ пренесува ББЦ. Но популарниот актер  додаде и дека пред се себеси се гледа во една друга улога:

Мислам дека би бил многу поефикасен  во работата во која би го свртел вниманието на јавноста на воените ветерани и нивната потрага по добро вработување, прикладено сместување и финансиска помош која хероите ја заслужуваат, наведува 71 годишниот Сталоне.

За својот иден претседател и потенцијален шеф Трамп, Сталоне во интервју за „Вариети“ изјави:

Го сакам Доналд Трамп . Тој е како големите ликови од делата на Дикенс!.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.