Стамачони е новиот тренер на Удинезе

Поранешниот предводник на Интер, Андреа Страмачони, во следните неколку дена и официјално ќе биде претставен како нов тренер на италијанскиот калчолигаш Удинезе.

Клупските челници на тимот од “Фриули” потврдија д
ека постигнале договор со малдиот италијански стручњак кој ја прифатил понудата да биде тренер на Удинезе во следните две години и да биде наследник на легендарниот Франческо Гвидолин кој на крајот од изминатата сезона поднесе неотповиклива оставка на функцијата прв тренер. 

Италијанските медиуми се убедени дека поранешниот репрезентативец на Србија и фудбалер на Интер, Дејан Станковиќ, ќе биде прв помошник на Андреа Страмачони.