Стаменковска: По итна постапка да се донесе Правилник за хемиска кастрација на педофилите

Владата на Зоран Заев и министерството за правда имаат обврска да го донесат Правилникот за хемиска кастрација што побрзо пред работите да излезат од контрола со ваквата осмислена релативизација на ова кривично дело, апелираше во понедленикот Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

Стаменковска упати критики поради тоа што институциите со денови молчат за релативизирањето на педофилијата од страна на учесникот во ткн „Шарена револуција“ Никола Шиндре и квази експертите блиски до СДСМ.

„Токму затоа е потребно да се преземаат итни и превентивни мерки. Поминаа денови од нашиот повик за носење на Правилник за формата, содржината и начинот на водење на евиденција за осудено лице на кое му е изречена мерка медицинско фармаколошко лекување, во јавноста познат како Правилник за хемиска кастрација“, истакна претставничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа повторно апелираше до Министерството за правда во итна постапка да го донесе овој правилник. Тоа не го барам, видејќи како што рече, тоа го бара и целоокупното општество.

„За овој правилник постои широка општествена поддршка, од граѓани, организации и експерти. Оттука нема никаква пречка за негово носење. Со овој Правилник се предвидува сторителите на кривичното дело педофилија по вторпат да бидат санкционирани со хемиска кастрација. Оваа мерка е превентивна за да се спречи во неколку наврати некој да го повтори делото“, прецизираше Станковска.

Посочи дека деоколку институциите во земјата, Владата и Министерството за правда не одговорат на овој, не само партиски, туку општествен повик, тна нив ќе падне одговорноста за последиците кои произлегуваат од нивното неодговорно и несовесно однесување.

„Министерството за правда не смее да го одложува донесувањето на овој Правилник. Во спротивно, тоа ќе биде показател на нивната незаинтересираност и индолентност кон оваа сериозна тема“, заклучи Стаменковска.