Стаменковска: Време е пратениците да го кренат гласот поради неработењето на Владата на СДСМ

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Невенка Стаменковска во гостувањето во дневникот на Телевизија 24 истакна дека е време пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се вратат во Собранието и од собраниската говорница да го кренат гласот против неработењето на Владата на СДСМ и Зоран Заев. Нивната прва задача ќе биде токму гласањето на недоверба на владата на СДСМ и ДУИ.

Според Стаменковска,  во изминативе месеци владеење на СДСМ нема никакво поместување во позитива во било која сфера од работењето на министрите на СДСМ, а од помпезно најавуваниот план наречен 3/6/9 има реализирано само 41 процент, план кој требаше целосно да биде реализирани пред еден месец односно за 9 месеци.

Таа вели дека во овие 10 месеци, граѓаните виделе се само не владеење на правото и правната држава, а Законите и Уставот секојдневно биле кршени. Со апсењето на пратениците на кои сеуште не им беше одземен пратеничкиот имунитет уште еднаш ги прекршија Уставот и Законите, а токму на оваа реагираа меѓународниот правобранител и  меѓународната заедница додаде таа.

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го спомена и законот за државни службеници донесен за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кој е целосно усогласен со европската законска регулатива. Според Стаменковска СДСМ секојдневно крши членови од овој закон со цел спроведување на партизација на институциите и со цел вработување на партиски кадри на СДСМ и членови на Шарената револуција. Токму народниот правобранител во својот годишен извештај за 2017 година напоменал дека новата влада вработува нетранспарентно партиски кадри.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.