Стаменковска: Заев ги плаќа фактурите за неговото нелегитимно и насилно доаѓање на власт

Најмалку девет милиони денари годишно од парите на македонските граѓани, антиреформската влада на СДСМ ќе им плаќа на луѓето кои го уништија невладиниот сектор одработувајќи за интересите на владејачката партија, изјави во неделата Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, како што истакна Стаменковска, „најмалку“ девет милиони денари годишно чини бруто платата која ќе ја земаат 13 таканаречени „специјални советници“ на социајлдемократскиот премиер Зоран Заев, за коишто од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека „дефинитивно докажале оти нивната цел никогаш не била да бидат невладин коректив на власта“, туку да седнат на фотелји и да станат владини чиновници.

„Девет милиони денари годишно Македонија ќе им плаќа на профитерите кои изминативе години додека глумеа невладин сектор направија стотици илјади евра штета, сквернавеа споменици, уништуваа државен имот, ја палеа и ограбуваа канцеларијата на Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов“, потсети Стаменковска.

Претставничката на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека споменатта сума треба да се искористи за повисоки пензии, социјална помош или лекување на болни деца, но оти деветте милиони денатри ќе им бидат исплаќани на овие „профитери и одработувачи“, при што ги спомена Зоран Бојаровски, Бојан Маричиќ, Дане Талески, Марјан Забрчанец, Петрит Сарачини, Никола Наумовски, Петар Арсовски, Ѓунер Исмаил, Бранимир Јовановиќ, Мирослав Грчевм, но и „многу други“ кои се претставуваа како ткн „граѓански активисти“

„Граѓаните мора да знаат дека 9 милиони денари чини само последниот конкурс за советници на Зоран Заев, а целосната сума е неколкукратно поголема кога ќе се соберат сите вработувања во Владата на екс-невладините профитери кои одработуваа сево ова време за СДС, криејќи се зад превезот на невладиниот сектор“, истакна Стаменковска.