Стаменковска: Заев од Буџетот ќе го финансира партизирањето на државата

Стотици милиони денари од Буџетот секоја година наместо да се трошат за нови училишта, болници и спортски игралишта, ќе се трошат за партиските вработувања на Зоран Заев, и сѐ побрутално го спроведува планот да ја направат партијата држава  а државата партија, истакна на денешната прес-конференција Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Вработувањето на партиски војници и послушници не запира, а сето тоа со стотици милиони денари во буџетот го плаќаат граѓаните на Република Македонија. По кој критериум Заев ја вработи ќерката на Тито Петковски во владата? Според кој критериум комедијанти се вработуваат на одговорни позиции? Дали е вистина дека во владата се вработени и лица кои биле предмет на кривичен прогон и во Македонија и во Германија за поседување на големи количини психотропни дроги? Граѓаните не се должни ниту да ги плаќаат фактурите од Тито Петковски кон Заев ниту се должни да дадат еден денар затоа што Заев вработува комичари во владата, како благодарност за одработувањето за него и СДС во изминатите годините наназад на разни платенички протести и преку проекти спонзорирани од странски фондации“, рече Стаменковска.

Потенцираше дека стотици милиони денари од Буџетот секоја година наместо да се трошат за нови училишта, болници и спортски игралишта, ќе се трошат за партиските вработувања на Зоран Заев и за неговото оддолжување кон партиските војници и профитери кои глумеа граѓански сектор за да дојдат до фотелјата заедно со СДС на власт.

„Колку и комедијанти да вработува, трагедија е – и ќе остане ваквата политика на антиреформската влада на Заев. Трагедија е граѓаните да ги плаќаат фактурите на Заев кон Тито Петковски и граѓанските платеници и профитери. На ваквиот хумор му е поминат рокот на траење. Народот не смее да биде доведен во ситуација со стотици милиони денари народни пари да се плаќаат извршители, војници и послушници на Заев кои се дел од планот државата да се претвори во партија, а партијата во држава“, истакна Стаменковска.

Рече и дека граѓаните се во неизвесност за својата иднината и за иднината на државата, гледајќи ги ваквите недемократски и срамни потези на владата на Заев и СДСМ.

„За само месец ипол, СДС започна да воспоставува режим во Македонија. Но, отпорот од народот ќе го почувствува многу брзо“, порача Стаменковска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.