Стаменовска: СДСМ започна со партизација на цела Македонија

Вработувањата според методата „Од чистачка до министер“ на сегашниот премиер Зоран Заев, којашто како евангелист насекаде каде оди ја шири пратеникот од редовите на СДСМ, Курто Дудуш не се ништо повеќе од најгруб и веќе виден обид на социјалдемократите да ја партизираат и приватизираат државата, обвини во понеделникот Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев се колнеше дека нема да ја партизира администрацијата, а како прв човек на Агенцијата за администрација назначи не само партиски човек, туку и член на Извршниот одбор на СДС. Спасе Глигоров се обиде да сее магла и со поднесената оставка од партиските функции да ги убеди граѓаните дека не бил човек на партијата. На седницата на Влада оддржана на 27.06.2017 година Спасе Глигоров беше даден како предлог за директор на Агенцијата за администрација. Тие донесувајќи го овој предлог ветуваа односно утврдија дека Спасе Глигоров ги исполнува сите криеруми кои што се дадени за назначување на директор на Агенцијата за Администрација, меѓутоа Спасе Глигоров меѓу кои и изјавата дека тој не е висок партиски функционер во самата СДС. Но Спасе Глигоров дури на 30.06.2017 година со изјава на Нотар се откажал од вршењето на својата партиска функција. Ова е навредливо потценување на интелигенцијата на јавноста која многу добро следи и знае што се случува“, посочи Стаменковска.

Додаде дека „исти вакви сеачи на магла“ јавноста препознала и во „одработувачите и профитерите“ од поранешниот таканаречен невладиниот сектор кои влегуваат во Владата дури и побргу отколку кадарот на коалиционите на СДС, ДУИ или ДР-ДПА.

„Повеќе од 9 милиони денари секоја година е висината на платите на годишно ниво само за последните 13 советници на Заев вработени во еден конкурс. Оваа сума е неколкупати повисока кога ќе се пребројат сите вработувања на соросоидите кои дивееа по улиците лажејќи дека биле коректив на власта, а целта им беше да седнат по фотелји на државна сметка – и тоа денес им е јасно како ден“, рече Стаменковска.

Според неа, откако премиерот Заев ги наградил соменатите за нивната „манипулаторска и вандалска“ улога во општеството, приватизираниoт од страна на СДСМ невладин сектор сега „отиде под стечај и ќе биде ликвидиран“, а сметката за тоа ќе ја плаќаат граѓаните со десетици милиони денари годишно плата за насилните демонстранти кои некогаш се претставуваа како граѓански активисти.

„Овие пари наместо да се искористат за пониски цени на лекови, нови спортски сали, игралишта и градинки – ќе се користат за плаќање на фактурите на Заев кон предизборните профитери кои му слугуваа на неговиот интерес. Казната за ваквите партиски вработувања доаѓа редовно, а СДС ќе ја искуси веќе на првите наредни избори“, порача Стаменковска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.