Стамов: Планирана е изградба на отворен и затворен пазар во Дојран

Се надевам дека во наредниот период ќе обезбедиме средства за изградба на отворен и затворен пазар во Нов Дојран, истакна денес градоначалникот на Дојран Борче Стамов во рамки на трибината која ВМРО-ДПМНЕ денес ја организира како дел од кампањата „На Македонија и треба твојата идеја“.

Дојран преставува еден вид олицетворение за сите политики на ВМРО-ДПМНЕ, сите знаеме каков бил животот порано во Дојран. ВМРО-ДПМНЕ покажува дека сака да го заживее Дојран, се работи на потполно нов лик. Се инвестирало во сите сфери, здравство, спорт, туризам, инфраструктура, вели Стамов кој додава дека најважно е дека се инвестира во туризмот и инфраструктурата.

Градоначалникот на Дојран посочи дека голем дел од програмата од локалните избори е реализирана и моментално се реализира.

Најголемата потреба на населението од село Николиќ е патниот правец од Дојран до селото. Голем дел од програмата од локалните избори е реализирана и моментално се реализира. Што се однесува до туризмот на добар пат сме, имаме добри проекти и како што оди развојот на туризмот се надевам дека и понатаму ќе се развива во очекуваното темпо, посочи Стамов.