среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 58

Стамов: Зачудени сме од резултатите од Институтот за јавно здравје

Зачудени сме од резултатите на Институтот за јавно здравје и забраната за капење донесена од здравствениот и санитарен инспекторат. Зачудени сме од повеќе причини, зошто во анализите не е потврдено присуство на бактериите ешерихија коли и други кои се од фекално потекло, вели градоначалникот на општина Дојран Борче Стамов.

borce-stamov-1

Поврзани вести

Зачудени сме од резултатите на Институтот за јавно здравје и забраната за капење донесена од здравствениот и санитарен инспекторат. Зачудени сме од повеќе причини, зошто во анализите не е потврдено присуство на бактериите ешерихија коли и други кои се од фекално потекло. Канализациониот систем е во најдобра кондиција во последните 20 години. Во 2014 година целосно ја реконструиравме пречистителната станица, а оваа година целосно ја реконстуиравме главната голекторска линија со инсталирање на нови пумпи со три пати поголем капацитет од претходниот во 10 препумпни станици.

Ова на денешната пресконференција го истакна градоначалникот на општина Дојран Борче Стамов.

Интегрален текст од прес-конференцијата:

Како градоначалник сум благодарен за целата поддршка од граѓаните, бизнис секторот, владата и институциите кои изминатиов период придонесоа за реализацијата на неколку крупни проекти во Дојран како уредувањето на плажите, чистење на крајбрежјето, иградба на кеј и рекреативна патека од 6км и многу други.

Сите знаеме каков беше Дојран во минатото, запуштено крајбрежје, по некоја неуредена плажа, без никаква културно-забавна програма каква што доликува на едно туристичко место. Успеавме за само неколку години целосно да ја промениме сликата за Дојран.

Знаеме дека Дојран останува високо во приоритетите на Владата и ќе продолжи поддршката за надминување на ситуацијата.

Сепак зачудени сме од резултатите на Институтот за јавно здравје и забраната за капење донесена од здравствениот и санитарен инспекторат.

Зачудени сме од повеќе причини, зошто во анализите не е потврдено присуство на бактериите ешерихија коли и други кои се од фекално потекло. Канализациониот систем е во најдобра кондиција во последните 20 години. Во 2014 година целосно ја реконструиравме пречистителната станица, а оваа година целосно ја реконстуиравме главната голекторска линија со инсталирање на нови пумпи со три пати поголем капацитет од претходниот во 10 препумпни станици.

Зачудени сме од причини што дотокот на чиста вода од врнежите никогаш во последните 20 години не бил поголем. Водостојот на Дојранското езеро е на највисоко ниво. Сите се сеќаваме во каква состојба беше езерото, но немаше забрана за капење.

Изминативе два дена имавме контакти и со претставници од општината Кукуш со која го делиме езерото од грчка страна. Во студија изработена од нивни реномирани иституции  во период од 42 месеци, од над 30 специјализирани научници заклучуваат дека „Дојранското езеро има исклучително чиста вода, која во голема мера се зголеми во последните две години, со голем избор на риби и интересна фауна во околината“. И затоа сме зачудени од испитувањата на Институтот.

Како општина, ќе побараме дополнителни испитувања и анализи, од повеќе институции, затоа што сметаме дека водата во езерото никогаш не била почиста од почетокот на еколошката катастрофа досега.

Имавме контакти со повеќе министри во Владата, нивен и наш прироритет е брзо надминување на оваа ситуација со ставањето на забрана за капење.

Многу значајно е што побрзо се отстрани соменжот за квалитетот на водата во езерото,  а за мене како градоначалник на Дојран, а и за сите граѓани на Дојран да ја остраниме опасноста за економскиот просперитет на општината.

Дојран изминативе години рушеше рекорди во бројот на туристи, ќе направиме се што е во наша можност да се вратиме на тие патеки.

Најчитани вести