Стамов: Заев преку фирмата Сара Јавор Инжинеринг на Крстев му обезбедувал приходи

„Скандалите на Зоран Заев се небројни. Неговиот парнтер Горан Крстев е омилениот бизнисмен кој очигледно има предност кога станува збор за бизниси во Општина Струмица. Зоран Заев на својот близок пријател и бизнис партнер Горан Крстев очигледно не бирал начини како да му обезбеди приход. Тоа го правел и преку фирмата Сара Јавор Инженеринг, каде што денес Горан Крстев е бизнис партнер и ко-сопственик со братот на Зоран Заев, Вице Заев,“истакна Борче Стамов на денешната прес конференција

slika1Стамов понатаму укажува дека Зоран Заев освен што му обезбедил купување на атрактивно градежно земјиште по едно евро за метар квадратен на Горан Крстев, како и јавни набавки во вредност од еден милион и 600 илјади евра на неговата семејна фирма Јавор Шпед ДООЕЛ, му обезбедил и дополнителни шест јавни набавки со вкупна вредност од 1.739.968 денари на име на друга негова фирма со име Сара Јавор Инженеринг.

slika 2„Овие шест јавни набавки Горан Крстев ги добил преку фирмата Сара Јавор Инженеринг. Од нив, шест јавни набавки се склучени со ЈП Комуналец Струмица со вкупна вредност од 1.391.178 денари, додека една јавна набавка е склучена директно со Општина Струмица во вредност од 348.808 денари,“ вели Стамов.

slika 3Според Стамов, Зоран Заев дрско и неодговорно ја користел општината за богатење на своите роднини, своите пријатели и бизнис партнери на семејството Заеви.

slika 4„Зоран Заев ниту еднаш не се одважи да излезе и да ги објасни овие скандалозни јавни набавки. Ова испумпување на парите на граѓаните на Општина Струмица е крајно неетички и неморално.

slika 5Ако Зоран Заев и неговиот другар Горан Крстев конечно се вратија од скијање, време е да излезат пред јавноста и да ги објаснат серијата на скандали,“ вели Стамов.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.