Стамов: Зоран Дамјановски работи како Зоран Заев

DOGOVOR 1„Зоран Дамјановски постапува исто како Зоран Заев. Градоначалниците на СДСМ очигледно имаат ист модел на функционирање.Му порачуваме на Зоран Дамјановски да не се обидува да се правда бидејќи документите потврдуваат дека тој работи исто како Зоран Заев. Документите кажуваат дека еден од сопствениците бил и Горан Стојковски, сегашен директор на ЈП Водовод Куманово,“ обвинува Борче Стамов на денешната прес-конференција во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Стамов, станува збор за човек кој што е син на поранешен пратеник од СДСМ.

„Очигледно дека поедини фамилии во Куманово се секогаш повластени во СДСМ. Ем добиваат највисоки функции (пратеници, директори …), ем фирмите во кои што тие биле сопственици редовно добиваат договори за јавни набавки. Обидот на Дамјановски да го затскрие овој скандал зад други имиња е провиден заради тоа што документите кои што беа до нас доставени говорат дека неговиот директор на ЈП Водовод Куманово бил сопственик на фирма која што сесрдно и често добивала тендери во Општина Куманово и нејзините локални институции.Документите говорат дека фирмата во која Горан Стојковски бил сопственик не само што добила 14 договри со Општина Куманово, туку добила и 6 договори со Куманово Паркинг и 1 договор со ЈП Водовод Куманово каде што Горан Стојковски денес е директор. Вкупната вредност на договорите кои што фирмата ЕлектроКуманово ги добила по пат на овие 21 набавка изнесува фантастични 50.604.708 денари,“вели Стамов и додава дека Зоран Дамјановски, градоначалникот на Куманово очигледно во својот човек Горан Стојковски си нашол експерт за се. Ем снабдувач на општината, ем снабдувач на локалните јавни претпријатија, ем експерт за директорување на ЈП Водовод Куманово.

DOGOVOR 2

 

„Овој модел на практикување на власта очигледно е ист и во Струмица и во Куманово. Градоначалниците на СДСМ наликува како да биле на ист семинар за испумпување на пари кон проверени и блиски луѓе. Впрочем СДСМ и не знае да работи поинаку.Овој пат му препорачуваме на градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, да не го следи примерот на Зоран Заев и подоцна да се правда за своите постапки, туку сам да излезе и да ја прифати одговорноста заради ова сомнително делување,“ истакна Стамов.