Станови за 43 семејства во Кочани

Станови за 43 семејства во Кочани

Вкупно 43 семејства во социјален ризик ќе го решат станбеното прашање со изградбата на зграда во рамки на владиниот проект за изградба на станови за лица од социјално ранливи категории, пренесува МИА.

Премиерот Никола Груевски денеска беше во обиколка на градежните работи на овој објект кој од одговорните за објектот беше информиран дека работите се одвиваат согласно динамиката, дека е можно завршување на зградата и пред предвидениот рок и ги задоволува сите критериуми за енергетска ефикасна градба.

Станови за 43 семејства во Кочани
Станови за 43 семејства во Кочани

Ратко Димитров, градоначалникот на Кочани, информира дека во населбата каде се изградени овие социјални станови веќе се изградени и три улици со средства од кредити од Светска банка. Локалните власти сметаат дека со овие две згради со вкупно 72 станбени единици во моментов се задоволуваат потребите во однос на решавањето на станбеното прашање за лица од социјалните категории.

Изградбата на објектот започна во август оваа година, а истиот е вреден 63 милиони денари. Во неговиот состав е предвиден и канцелариски простор. Ова е втор станбен објект наменет за семејства во социјален ризик и се гради веднаш до веќе изградениот објект со социјални станови во кој живеат 29 семејства од социјално ранливи категории во кои спаѓаат лица без родители, самохрани родители, лица со инвалидитет, лица приматели на социјална помош, како и семејства од малцинствата.

Во рамки на владиниот проект за изградба на социјални станови досега се изградени вкупно 678 станови, а во фаза на градба е и објект со социјални станови во Македонски Брод. Вториот станбен објект со социјални станови во Кочани според планот треба да биде завршен во август 2017 година. До крајот на годинава се очекува ваков објект да почне да се гради и во Гостивар.

Обиколката на зградата е во рамки на посетата на премиерот Никола Груевски на општина Кочани каде денеска ќе биде отворена фабрика за ориз „Левидиагро“- турска инвестиција во вредност од четири милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.