Станбено-деловен комплекс ќе се гради на местото на старата Млекара

Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски денеска беше во работна посета во населба Хиподром, на локацијата кај старата Млекара.

Оваа локација, како што велат од општината, долго време е руина и претставува потенцијална еколошка закана.

Во моментов се расчистува просторот, каде е предвидено да се изгради станбено – деловен комплекс, градинка и бензинска пумпа, а инвестицијата ќе изнесува околу 10 – 12 милиони евра.

investicija_01