Магазин

Станија: Не сум проститутка моите фотографии се злоупотребени

Станија: Не сум проститутка моите фотографии се злоупотребени

Фотографиите на Станија Добројевиќ осамнаа на сајтот Хот ескорт, кој нуди девојки за придружба во Дубаи.

Неколку лица, на неколку различни профили се кријат зад фотографиите на Станија. Поголемиот број фотографии веќе се поставени на социјалните мрежи.

Оваа вест беше објавена од страна на српски дневен весник, а Станија се огласи преку нејзиниот адвокат.

-Станија Добројевиќ не даде никаков повод за пишување и објавување текстови и фотографии со оваква содржина и сите слики што се наоѓаат на веб страните со странски домејн се тргнати од интернет, по што се направени  лажни профили, без дозвола на нашиот клиент, стои во официјалното соопштение од адвокатот.

Понатаму во текстот се вели дека тоа што некој е јавна или медиумска личност и ѕвезда во естрадните кругови во никој случај неможе да биде причина за него да се пишуваат невистини, а се со цел зголемување на тиражот.