Станиќ заминува од Скопје, нема договор со Вардар

Дарко Станиќ се уште е без клуб, а деновиве, како што самиот изјави, со сите свои работи го напушта Скопје.

По раскинувањето на договорот со Металург Дарко Станиќ беше поврзуван со трансфер во Вардар. Сепак, од тоа нема да има ништо.

Имено, како што самиот изјави за српските медиуми, тој се пакува и со сите свои работи го напушта Скопје.

-Се пакувам, го напуштам Скопје, овој пат со сите мои работи, изјави Станиќ за „Спортски Журнал“, а потоа додава:

-Се уште не сум пронашол клуб каде би ја продолжил кариерата, а тоа сега не е толку едноставно со оглед дека е октомври и дека немам право да играм во Лигата на шампионите. Клубовите кои мене ми се интересни, во овој момент не можат да ме ангажираат, вели Станиќ.