Станишев во неговиот говор ниту еднаш не спомна Македонци

Првиот човек на европските социјалисти и поранешен бугарски премиер Сергеј Станишев на митингот на СДСМ во Скопје потврди дека не ги признава македонскиот јазик и македонската нација, пишува „Курир“.

Станишев ниту еднаш во 15 минутниот говор не спомена Македонци. Поранешниот бугарски премиер се обраќаше со пријатели, луѓе од државата Република Македонија, но ниту еднаш Македонци.

Станишев важи за за еден од најконтроверзните балкански политичари, кому пред само неколку месеци Европскиот парламент му го одзеде пратеничкиот имунитет за да дозволи неговата земја да покрене обвинение против него поради губење на тајни документи.

Кога се во прашање неговите ставови кон Македонија, познато е дека тој не ја признава македонската нација и македонскиот јазик. Како потврда за неговите антимакедонски ставови говорат и податоците дека Станишев во неговиот мандат како премиер не дозволуваше регистрација на македонската организација ОМО Илинден Пирин, измислувајќи илјадници причини за да не биде регистрирана.

Воедно, Станишев беше и лице кое во бугарските медиуми се споменуваше во контекст на тешки финансиски афери, корупција, мега скандали со европски средства, издавање државна тајна и слични скандали.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.