Штанјмаер: Западните земји не треба да ја сметаат Русија за непријател

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнамер изразува загриженост поради тоа што може да се случи големо оддалечување меѓу жителите на западните земји и Русите, предизвикано од влошувањето на меѓународната ситуација и најниското ниво на односите меѓу Западот и Русија од крајот на блоковската Студена војна.

„Ние не треба Русија, во целина, земјата и нејзиниот народ, да ги сметаме за непријатели“, вели германскиот претседател во интервјуто за весникот Bild am Sonntag, објавено во неделата.

Штајнмаер истакнува дека инцидентот во Солсбери со нападот со нервен агенс врз поранешниот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал а за кој Западот ја обвинува Русија, предизвикува загриженсота.

„Меѓутоа, подеднакво треба да нѐ загрижува острото зголемување на разликите меѓу Русија и Западот, чиишто последици достигнуваат подалеку од рамките на овој инцидент“, истакнува Штајнмаер.

„Спротиставувањето на ова опасно оддалечување е предизвик и задача на одговорните политичари“, констатира германскиот претседател.

Но додава дека Европа не смее да се откаже од критиките на активностите на Русија. „Но ние не треба да се откажеме од обидите да го сториме тоа преку директен дијалог“, додава Штајнамер.