Станков повторно стрелаше за Виборг

Поранешниот македонски младински репрезентативец Александар Станков беше стрелец за Виборг во 30-то коло од првенството во Втората лига на Данска во ремито (1:1) на домашен терен со екипата на Скиве.

Станков погоди во 32-та минута од средбата за израмнување на резултатот, запишувајќи го својот шестти гол сезонава во дресот на Виборг.

Виборг е лидер на табелата во второлигашката конкуренција кој од следната сезона повторно се враќа во елитното друштво во Данска.