Станковски: Целата сила и жилавост на Заевистите произлегува од Бејли

Зоран Заев е „папет“ кој е произведен од САД како играч кој во почетокот требаше да го оспори или оневозможи, со одредени премрежја во македонското општество можеби и конфликтни ситуации, турскиот тек, вели Александар Станковски, претставник на македонската алтернативна уметничка сцена.

Овој, да го наречеме „осми патник“ кој никако не може да се откачи, кој има неверојатна сила и жилавост, наспроти волјата на народот и наспроти неговата непринципиелност, со нелегално стекнатите прислушкувани разговори кои му се дадени од некоја моќна разузнавачка странска служба, од „чадорот“ кој конечно се легитимира во ликот на еден од најбитните играчи. Мислам дека целата сила и целата жилавост на Заевистите произлегува од господинот гувернер Џес Бејли кој им даде огромна поддршка дури и компромитирајќи се самиот себе, својата држава и народот на САД, да влезе во една ваква шарада, за да може тие и понатаму да опстојат во играта и да ја влечат целата ситуација, рече тој во дебатата на ТВ Нова.

Станковски вели дека постои опасност од ескалација на одредени ситуации кои се најавени во Македонија.