Станот на сестрата на Шекеринска главна локација за снимање на сите антивладини протести на опозициските медиуми

Неформалната студентска организација „Студентски пленум“, која преку Младинскиот образовен форум финансиран од СОРОС не е ништо друго туку само продолжена рака на опозицијата, за денеска најави нови протести против воведувањето на државниот испит, кој треба да го подигне квалитетот во високото образование, објавува Курир.

Доколку повнимателно се погледнат снимките на опозициските портали од последниот протест на студентите на 10- ти декември, може да се забележи дека голем дел од фотографиите и видео материјалот на порталите финансирани од Соросовата фондација се направени од едно исто место, односно од стан кој се наоѓа наспроти Владата.

Според информациите кои се шират низ новинарските кулоари од опозициските новинари, станува збор за стан кој и припаѓа на сестрата на Радмила Шекеринска, кој новинарите кои се дел од медиумите под контрола на СДСМ и СОРОС го користат при вакви протести. Фотографиите и видеоснимките кои се направени од исто место, покажуваат дека сите протести и напади врз владата опозициските медиуми ги снимаат од станот на сестрата на заменик-претседателот на СДСМ.

Ова видео, кое на „Јутјуб“ е објавено од страна на главниот новинарски послушник на СДСМ Бранко Героски е снимено од истото место како и низа други фотографии кои опозициските медиуми ги објавија од протестите, меѓу кои и онаа на новинарката на Фокус, Мери Јордановска.

Претходните два студентски протести, исто како и денешениот беа директно поттикнати и иницирани од најголемата опозициска партија, чии функционери можеа да се забележат во првите редови, исто како и главните пропагандисти на Соросовата фондација.

Повици со поддршка за студентите повторно стигнуваат од сите полуги на СОРОС без исклучок, а целата логистика на СДСМ повторно ќе биде вклучена исто како и на минатите протести. За исценираните протести се подготвени и опозициските новинари, чии фотографии и снимки повторно се очекува да бидат од едно исто место, според нивните коментари, станот на сестрата на потпретседателката на СДСМ.

Фотографија: Мери Јорданова