ФОТО: Становите во Капитол Резиденс – најатрактивна градежна понуда во Скопје

И покрај најавите дека оваа година ќе се намали интензитетот во понудата на нови станови во Скопје, трендовите на пазарот на недвижнини во македонската метропола ги демантираат најавите. Наспроти послабата куповна моќ на граѓаните, пазарот ја консумира побарувачката и тоа во нејзиниот повисок сегмент – станови со поголема квадратура, сместени во полуксузни објекти и комплекси.

Во агенциите за недвижности велат дека граѓаните секојдневно купуваат станови со различни квадратури и по различни цени за квадратен метар. Она што е нова и атрактивна понуда на пазарот на недвижнини во главниот град се становите во општина Аеродром, во комплексот Капитол Мол и Резиденс, поточно во резиденцијалниот (станбениот) дел, кој што е сместен на горните четири катови од комплексот.

1234 rabotna

Инвеститор на овој комплекс е компанијата Cити Плаза од Скопје и од таму велат дека две третини од становите се веќе продадени или резервирани, особено оние со поголема квадратура.

„Становите во Капитол Резиденс се дел од повеќенамеснкиот бизнис и станбен комплекс Капитол Мол и Резиденс и се сместени на четрите горни нивоа. Објектот вкупно има 72 стана, распоредни по 20 на кат, освен на седмиот кат каде што има 12 станови. На продажба се ставени станови од 55 м2 до 114 м2. Становите се дизајнирани со внимателно одбрани архитектонски детали и рационални решенија. Во изградата користевме производи со докажан квалитет и со одлична сантрана технолохија, со сериозен пристап кон минимизирање на потрошувачката на вода и на електрична енергија. Повеќе од задоволни сме од досегашната продажба“, велат од Капитол Резиденс.

TP1

Деловно-станбениот центар Капитол Мол и Резиденс е отворен кон средината на декември минатата година, и е комплекс кој нуди поинаков модел на урбано живеење. Односно, тоа е модерна комбинација на домување, шопинг и квалитетно минување на слободното време. На станарите на Капитол Резиденс на дофат на рака им е Капитол Мол со содрини како што се шопинг, хипермаркет, ресторан, фаст фуд оддел, детски центар, фитнес клуб,  резервиран и слободен паркинг, како и најразновидни други видови услуги.