Повторно пад на бројот на невработени

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 4 тримесечје од 2014 година активното население во Република Македонија брои 961.416 лица од кои вработени се 696.046, а 265.370 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 57,4 отсто, а стапката на вработеност 41,5 отсто, додека стапката на невработеност изнесува 27,6 отсто. Тоа е за 0,3 поени пониско од третиот квартал кога невработеноста беше 27,9 отсто.

Во четвртиот квартал од 2013 година, пак, стапката на невработеноста изнесувала 28,6 отсто, или за една година невработеноста паднала за еден процент.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.