Старец доби кривична поради детска порнографија

Седумдесет и тригодишен старец од Македонска Каменица доби кривична пријава поради производство и дистрибуција на детска порнографија.

И.И. подолг период, во повеќе наврати во неговиот дом со помош на импровизирана фотолабараторија за себе произведувал детски порнографски материјали сликани од негови фото апарати и преку различни интернет страници на неговиот компјутерски систем набавувал и поседувал детска порнографија.

Тој е приведен во полициската станица во Штип и при прегледот пронајдени и одземени се 22 фотографии со детска порнографска содржина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.