Старец изгорел во пожар, скопјанец си го нашол пријателот мртов

Два смртни случаи регистрирала полицијата вчера. Првиот бил во Скопје, а вториот во пехчевското село Умлена.

Имено, според информациите на МВР, вчера напладне во околу 12.15 часот во својот дом на улицата „Жеглање“, шеесет и шестгодишниот З.А. бил најден бил починат. Него го нашол пријател, кој дошол да провери зошто не му одговарал на телефонските повици. Пријателот веднаш повикал брза помош, чиј лекар констатирал смрт кај шеесет и шестгодишникот. Пристигнале и полициска екипа и јавен обвинител, кои извршиле увид а телото на починатиот било однесено на обдукција.

Во вториот случај, вчеравечер, загинал осумдесет и двегодишен старец во пожар кој избил во неговата куќа, информира полицијата.

Во околу 21.20 часот во куќата на А.Г., во која тој живеел сам, од засега непознати причини избувнал пожар. А.Г. од страна на соседите и неговиот внук е пронајден починат во куќата. Пожарот е изгаснат од екипи од Територијална противпожарна единица Пехчево. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, се вели во информацијата на МВР.